1020 hPa
53 %
23 °C
Скопје - Чет, 18.06.2026 08:59
Интервју со историчарот на уметност Бојан Иванов, кој раскажува нераскажани приказни за Скопје и открива места кои се исчезнати или заборавени. Иванов опфаќа повеќе аспекти на културното и урбаното живеење во некогашно Скопје.
-Градот нема свој фотограф, којшто ќе ги документира состојбите во просторот.
-Во Скопје имаше голем број велосипеди. Пензионерите им даваа бројчиња на луѓето и им ги паркираа и чуваа велосипедите.
-Муралот на Борко Лазевски во старата железничка станица е комплетно уметничко дело. Скопјани по дефиниција имаа една слика за тоа што е модерниот контекст.
-Празните простори, неизградените простори во Скопје беа споменик на жртвите на земјотресот.