Влада Урошевиќ: Опасно е за еден град да се шири диво и нагонски

13.01.2014 17:28

Интервју со Академик Влада Урошевиќ кој раскажува за сопствените искуства и доживувања на земјотресот. За животот во пост-земјотресно Скопје, за рефлексиите од големата катастрофа во литературата и уметноста, за модерната архитектура и пријателството со архитектот Живко Поповски и за она што му се случува на Скопје денес.

  -Тие денови, таа една година по земојтресот беше нешто апсолутно исклучително. Нешто што не може да се опише. Сиот тој живот кој се обидуваше да се врати назад, пак да влезе во некои вообичаени текови.

 -   -Некој политичар, два-три месеци по земјотресот рече: Не смее да остане часовникот на станицата на оние кобни мигови. Животот продолжува, пуштете  го часовникот. Часовникот работеше еден месец па потоа на некој му текна, чекајте, ова треба да биде споменик и го вратија на точното време на земјотресот. За жал часовникот не стои автентично така, туку некој го беше проработел.

-Неправедно ги заборавивме сите оние што напишаа песни и создадоа цели ликовни циклуси за земјотресот. Би требало на тие луѓе да им се даде по една улица, тие направија исклучителен напор, покажаа голема солидарност.

-За сето ова време додека се реализира проектот Скопје 2014, страшно е што никаде не сум прочитал ниту една естетска анализа за тие споменици. Сите коментари беа политичко-идеолошки. Сите тие споменици по мене се неуспешни баш од таа естеска страна и се на ниво на семинарски работи по вајарство.      

 

Слични содржини

Активизам / Видео интервјуа / Настан

ОкоБоли главаВицФото