Мимоза Несторова Томиќ: Стилот не се наметнува, тој се раѓа

08.02.2014 12:45

Интервју со архитектката  Мимоза Несторова Томиќ која  зборува за деновите во Скопје по земјотресот, за личниот ангажман во обновата на градот, за архитектонската елита од целиот свет која работела на проектите и за стандардите на проектирање и урбано планирање тогаш и денес.

-Градот по земјотресот изгледаше како авет, немаше ни луѓе ни светлост. Прозорците на некои згради беа искривени, а на некои срушени. Бев многу престрашена и не верував дека Скопје толку брзо ќе се воздигне.

-Скопје ја имаше таа чест што со специјалниот фонд од Обединетите Нации се овозможи да дојдат архитекти и урбанисти од целиот свет.

-Странските архитекти ни покажаа дека контитнутетот во проектирањето мора да се држи.

-Ние бевме воспитувани во стилот на Баухаус, на модерната.

-Денес не се направи ниту една дебата за тоа што е стил. Не може да кажеме, „од утре ќе градиме во стилот на ренесансата!“

-Барокот бил папски проект. Цел еден век во Италија била поддржана од четири папи.

-Овие денешни објекти се амбиција на некои наши колеги кои не сакаат да комуницираат со другите и да видат што е тоа што сите ние сакаме да се гради во овој момент во Скопје.

Мимоза Несторова Томиќ е еден од градителите на модерно Скопје. Таа ја работела социолошката студија во проектот на обновата на градот по земјотресот. Во 1963 работи во тимот за изработка на основен урбанистички план на градот. Во 1965 се вработува во Градскиот завод за урбанизам и архитектура на градот Скопје, како самостоен проектант и раководител на ателјето. Во периодот од 1986 па до пензионирањето во 1989 била директор на Заводот за урбанизам. Несторова Томиќ била дел од тимот што го изработи деталниот урбанистички план за Старата скопска чаршија и е еден од авторите на деталниот урбанистички план на центарот на Скопје во 1975 година. Несторова Томиќ е автор на реконструкција и ревитализација на срушениотСули Ан“, на угостителскиот објектМенадаво Старата скопска чаршија, на Стоковна куќаБеко“, сегаТЦЦ Плаца“, со комплетно внатрешно уредување, автор е на идејниот, главен проект и реализација на Музеите на Македонија во Старата скопска чаршија, во соработка со Кирил Муратовски, на станбени згради во населбата Капиштец, на реконструкција, адаптација и акустика на Универзалната сала во Скопје и на други проекти.