Како Окно го проследи тепањето на 28 март 2009 година (2)

31.03.2014 14:33
Како Окно го проследи тепањето на 28 март 2009 година (2)

Мегафоните од фиреровиот сокак

Одбележувајќи го тепањето на студентите пренесуваме два текста. Едниот е објавен веднаш по насилството на плоштадот, а вториот е објавен на првата годишнина од настанот. По повод првиот текст од страна на Драган Павловиќ Латас против Никола Гелевски беше поведен судски спор, којшто Гелевски го изгуби и мораше да плати казна за клевета и навреда.

Ана Ангелова
Вистинските лица на очајот

Еден од последните музеи изградени во Вашингтон е посветен на жртвите на холокаустот. Дозволата за изградба е издадена 1978 за време претседателот Картер, а темелите се удрени седум години подоцна. Изградбата почнала 1989. Толку време било потребно да поминат сите бирократски дебати, јавни дискусии, избор на градежни фирми, архитекти и конечната дозвола од страна на „претседателската комисија за холокаустот“. Музејот е официјално отворен од претседателот Клинтон во 1993. Два претседатели, три влади и четиринаесет години по одлуката за градење - неверојатно долг период за градежната машинерија на САД. Причина: $200 милиони потребни за изградба на музејот, од кои ниту еден цент не е од буџетот на владата на САД, туку од приватни донации.

Владислав Петковиќ - ДИС
Наши денови

Од џандари направивме великаши,
Достоинствата ги поделија идиоти,
Лоповите работат богаташи,
Мрачни души се нарекоа патриоти.
Од џандари направивме великаши.

Својата мудрост ја фиросавме на избори,
Својата храброст на измами и бедотии,
На иднината и' ги труеме сите извори,
А поразите ги прогласивме за победи.
Својата мудрост ја фиросавме на избори.

Иво Андриќ
Писмо од 1920

Можеби вашата најголема несреќа е токму во тоа што не ни насетувате колку омраза има во вашата љубов и во занесот, во традицијата и во побожноста.

Ханс Магнус Енцесбергер, три песни

Доаѓа денот кога пак ќе се прибодат листи
на вратите и на опозиционерите врз градите ќе им насликаат
знак. Учи да чекориш непрепознат, научи повеќе отколку јас:
менувај ги квартот, пасошот, лицето.
Запознај се со малото предавство,
секојдневниот гнасен спас. Црковните објави
се корисни за потпалување на огнот,
манифестите: да замоташ путер и сол
за беспомошните. Треба бес и трпение
за во градите на моќта да се вдува
финиот смртоносен прав, сомелен
од оние кои многу научија,
кои се точни, сомелен од тебе.

Никола Гелевски
Спектаклук: болвја свадба

Тешко дека некој може подобро да го долови планираниот спектаклук на градскиот плоштад од телото на Роберт де Ниро во Cape Fear - чиста ликовна еманација на лудило и агресија.

Никола Гелевски
Во самицата на својот ум

Чопор стаорци грабнале некаква глава. На тоа наликува нашата пустина на реалното. Притоа стаорците не знаат дека ја грабнале големата митска македонска глава. Не е клопче. Не е копче. Тристатонска глава.

Кон првиот дел

Фотографии: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

Активизам / Фотографија
Активизам / Став

ОкоБоли главаВицФото