1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:07
пивото за појадок сега
е најдоброто нешто што ми се случило во последно време
телото ми трепери
а душата ми се чини огромна
туркајќи ја мембраната
на мојата кожа
изгледам добро денес
но музиката на радио е за никаде
кожата ми е мазна
очите ми се мирно среќни
се сеќавам дека бев одбиен
од една девојка на која не се обидував
да ѝ се пуштам
и тоа ме прави среќен
две пива за појадок
почнувам да се чувствувам подобро
мојата креативност е на врвот
и се стабилизира
почнувам да уживам во музиката
и гледам во шишето виски на шанкот
мислам на син ми
кој е далеку 700 милји
и на малата слатка германска девојка
што ја сретнав синоќа
нејзиниот 12-годишен син
и секси акцентот
малечка е
сакав да ја соберам и да ја гушнам
наместо тоа си ги допирав лактите
и подоцна откако си отидовме
ѝ се јавив премногу доцна
пијан
и ја поканив да намине овде
таа одби
ѝ реков дека наскоро сакам да ја видам пак
љубезно се согласи
но само за да ме откачи
(што испадна дека не е точно)
пак
мислам на син ми
и се јавувам кај баба му
која не одговара
потоа кај мајка му која одговара
и кажува дека ме сака
и такви работи
дека господ ја извадил од затвор
или за нејзиниот од неодамна разболен татко
го игнорирам тоа
и ја прашувам дали сѐ уште се дрогира
потоа
ја прашувам дали го видела нашиот син
и ми вели дека можеби ќе најде работа
кај Шари
спуштам
се смеам малку
го земам вискито
и отпивам.
Превод: Иван Шопов
Слика: Џери Лофаро