Светски ден на заштита на животната средина

05.06.2014 13:27
Светски ден на заштита на животната средина

Во повеќе од сто земји ширум светот денес се одбележува Светскиот ден на заштита на животната средина. На овој ден луѓето ширум планетата дејствуваат заеднички за да обезбедат почиста, позелена и поздрава иднина за себе и за идните генерации.

Светскиот ден на заштита на животната средина се одбележува секоја година на 5 јуни, на годишнината од одржувањето на Конференцијата на ОН во Стокхолм (1972) посветена на животната средина, на која е усвоена Програмата за заштита на околината на Обединетите нации (UNEP).

Тематските прослави на овој ден досега вклучуваа иницијативи за заштита на земјата, водата, озонската обвивка, спречување на неповолните климатски промени, ширење на пустините и поддршка на одржливиот развој. Одбележувањата ширум светот вклучуваат улични собири, велосипедски трки, концерти со позитивни пораки за заштита на животната средина, садење дрва, рециклирање, кампањи за чистење...

Оваа година ОН ја прогласија за меѓународна година на малите островски држави во развој, а пораката на годинешниот Светски ден на заштита на животната средина гласи „Кренете го гласот, а не нивото на морето“.

Овој ден ги спојува луѓето од сите општествени слоеви во заедничкиот напор да ја направат својата околина почиста и поздрава, како за себе, така и за идните поколенија.

Во Македонија, овој ден го одбележаа неколку невладини организации, преку протестниот настан „Погребна поворка за белите дробови“.

Во продолжение можете да ја погледнете видео-пораката на амбасадорите на добра волја на UNEP.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото