1009 hPa
45 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 12:59
Скопје, 7 октомври 2014
Во очи на годишниот извештај на Европската комисија за Македонија, Брејкинг дознава дека по слабите резултати од т.н. дијалог на високо ниво (HLAD), ЕУ планира нови мерки за зацврстување на реформскиот процес во Македонија.
Еден од клучните инструменти во овие планови е воведување на екстерно тестирање за јавните функционери. Имено, секоја година пред објавување на извештајот за Македонија, и донесување на одлуката дали да се даде препорака за земјата за старт на преговори за членство, ЕУ ќе спроведува екстерно тестирање за јавните функционери.
Листата на функции, како што дознаваме од високи извори од Брисел, ќе ги вклучи министрите, премиерот, претседателот, заменици министри и директори на клучните агенции и управи, главно пополнети од првиот и вториот ешалон на власта. Резултатите од ова тестирање ќе имаат клучно влијание дали земјата ќе добие препорака или не.
За содржината на тестовите засега не се откриваат детали, но начелно тоа ќе бидат прашања од реформската сфера, која како работна задача им е дадена на институциите од претходните извештаи.
За овие најави побаравме изјава од власта, но тие ни одговорија дека не можат да ни обезбедат соговорник во моментот. Неофицијално, од таму порачуваат дека не се загрижени, бидејќи голем дел од функционерите се млади и се наоѓаат во одлична форма за тестирања и полагање испити.
Извор: brejking.net