1022 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 09:59
Напредокот во заштитата на човековите права е вистинско мерило за општествениот прогрес, порача претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, од дебатата организирана во Академијата, на која учествуваа еминентни правници и судии. Ако абортусот се земе како мерило за заштита на правата на жената, тогаш македонското општество бележи најретроградните процеси кога се во прашање човековите права.
Уставниот суд деновиве ја отфрли иницијативата што ја поведоа четири организации од областа на човековите права и поранешната пратеничка Каролина Ристова-Астеруд. Тие оспорија 15 члена од Законот за прекин на бременоста, зашто сметаат дека со нив се ограничува слободата и правото на жената, односно правото на избор. Уставните судии пресудија во интерес на актуелните владини политики, на црковните и на сличните конзервативните сили во општеството, а не во склад со современите тенденции за унапредување и заштита на човековите права, во случајов на жената.
Судиите решија да бранат некакви „докажани“, а всушност повеќе од апстрактни вредности - во владините кампањи наречени конзервативни, традиционални, семејни - наместо да ги одбранат илјадниците жени од страшните, нехумани последици што ќе им ги донесе конкретното спроведување на законот за прекин на бременоста.
Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња