Антихрист - мост во пеколот

02.02.2010 16:19
Antichrist-11.jpg

„Оставете ја секоја надеж, вие кои влегувате...“
Величествено филмско патување во интимниот пекол.
Пат поплочен со добри намери, солзи и бројни посвети.

Посвета на Андреј Тарковски

„Антихрист“ е натопен со сина боја, вода, солзи.

Етерична, ангелска арија „Lascia ch’io pianga“ од операта „Rinaldo“ (Георг Фридрих Хандл) / музичка тема од (незаборавниот) црнобел slow motion Пролог и Епилог.

Пушти ме да плачам, над мојата сурова судбина...

Пиетата на Ларс фон Трир (Оплакување на Христос): сочувство, сожалување со тагата на Богородица (болка поради загубата).

Исполнет со шумот на ветрот, звуците на природата / посветен на филмот „Огледало“ (Зеркало): свет на растенија и соништа, дијалог со сопственото минато.

Слоевит, проткаен со флуидно поврзани симболи, религиозни мотиви.
На пример, сцената во која Таа го слуша плачот на детето: Синот е секаде и никаде... Го наоѓа во колибата, како седи на подот со цепаница (сликарски мотив на малиот Исус во столарската работилница на татко му). Таа и понатаму го слуша плачот, го крева погледот кон Небото... Плачот (солзите) на Христос, кој ги искупува човечките гревови (цепаницата ја поприма симболиката на крстот). Дрво со кое му задава смртоносен удар на половиот орган на сопругот. Низ Еденската градина одѕвонува плачот, сето она што умира...

Ларс фон Трир во неколку наврати мајсторски го користи (силниот) симбол на мостот: меѓу свесното и потсвесното, модерната цивилизација и природата (хаосот), разумот и лудилото.

Преминувањето на границите е стилска посвета на (без конкуренција) големиот автор.

Посвета на Едвард Мунк

Психички состојби, преточени од сликарското на филмското платно.

„Крик“ (сцената во возот): поминувањето на шумата во позадина, одразите на лицата / патувањето низ душевната болка.

„Мадона“ (Таа): Богородица и грешница / светоста и опсценоста на половиот однос.

Екстремна провокација

Сексот е плен на Пеколот... женското тело е извор на гревот.

Сцената со отсекување на клиторисот е на трагата на антологиски шок, напад врз гледачот... Сличност со Луис Буњуел од филмот „Андалузиски пес“ (сцената со женско око кое е пресечено од нож).

Загатка

Хиеронимус Бош: „Градина на уживањето“ (триптих)

Рајската градина Еден / спојување на Адам и Ева, светло утро.

Градината на уживањето / предавањето на земските уживања, ден.

Пекол / казна (десниот дел на сликата), темна ноќ.

Големата птица грабливка („Принцот на Пеколот“)... ѕвездите над Трите питачи: срна (тага), лисица (страдање), гавран (очај).

„Антихрист“ е ремек дело.

Поетично разорен потрес кој беспоштедно ги урива табуата.

Интимно... најдобар филм на Ларс фон Трир досега.


Извор: P.U.L.S.E.

Ваквите реченини реденија ми

Ваквите реченини реденија ми се допаѓаат - мај стајл :).
Покрај споменатиот „Зеркало“ атмосферата потсетуе троа појќе и на Зоната во „Сталкер“.

ОкоБоли главаВицФото