Плачот на гомнарот

02.12.2014 13:32
Плачот на гомнарот

Нешто чудно се случува. Штом дошол ред најотруениот од омраза да ни објаснува што било тоа говор на омраза. Силеџијата пред нас да цвили ко џукче. Измамникот да ни држи лекции од морал. Увлекувачот у дупе да ни глуми храброст. Курва да ни продава поштење.

Со години ни се заканува, клевети, навредува, пцуе и се симнува под нивото на човечкото достоинство.

Прави сè за да го импресионира шефот и да ги заработи своите напојници - да не ја одлежи заслужената затворска казна, да добива незаслужени државни пари, да има приватно обезбедување, да има партиска војска на располагање и преторијанска гарда од неколку бедни конвертити и корумпирани пера, за од сето тоа да направи медиумска приказна и да стане најголемата надеж на пропагандата на режимот.

Со години никој не се осмелува да го казни. Ни да го предупреди. Полицијата и обвинителство не реагираат на неговите директни закани. Наместо казни, добива награди. Неговото трло за блеење, тој епицентар на најдолното од македонското новинарско бесчестие, е претрупано со реклами на „социјално одговорните“ компании, кои на тој начин јавно го поддржуваат говорот на омраза. Го поддржуваат тој изрод, со камата на Ќосето и со „остро сечиво“, да ја „помакедончува“ нацијата.

И што уште сака оваа креатура? Зошто цвили сега? Гомнарот моли да не го хранеле со гомна. Се жали дека се објавувале сатирични фотомонтажи во кои тој е главниот јунак. Бара да не го изложуваме на јавен подбив неговиот кукавичлук. Прво вели дека ќе се тепа, а после кани на маса на „јадачки“. Ма немој! Сака да му се плашиме. И да го признаеме за фраер. Како што неговите го признаа за величина, пред неколку други, кои, во крајна линија, за тоа друштво таму, навистина и се некакви величини.

Се плаши гомнарот дека неговото време (нивното време!), полека но сигурно, изминува. Поумните од него го знаат тоа и полека се подготвуваат за клучниот маневар за кој се вистински мајстори - пресоблекување на дресовите. Знае и тој, ама не може. Веќе не. Дресот му е сраснат со стомакот, може да му се симне само ако се одере заедно со кожата. Грда работа.

Најголем коркач е, но не е единствен. Ако внимателно слушате, деновиве ќе чуете пискотници од сите страни. Се ужаснуваат батките од помислата дека за секое злосторство неизбежно следува казна. Порано или подоцна. „Порано“ помина, доаѓа „подоцна“. Страхуваат зулумџиите дека нивните жртви утре ќе им станат џелати. Безмилосни и желни за одмазда.

Немам зборови на утеха за никого. Најмалку за гомнарот. Мојата рака подалеку од перото нема да посегне, но нека не се залажуваат дека тоа многу ќе им помогне. Што посеале, тоа ќе си жнеат.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото