Каин на месечината

05.12.2014 11:24
Каин на месечината

КАИН НА МЕСЕЧИНАТА

Коа убил Каин брата си Авела, господ го прашал, кој го убил.

-Каине, Каине, кој го уби брата ти - му рекол - за да умри?
-Јас не сум вардач, господи - му рекол Каин - ноќеска да го вардам и да видам кој го отепал.

Коа чул господ тије зборои од Каина, лажливи, го проколнал да биди обесен на месечината векутума века, за да биди вардач ноќе, да гледат сите ноќни убиства, што ќе се прават од лошите луѓе и да се плаши и страши и да се треси, обесен како лис на некоја гора.

Секој чоек можел да го види Каина обесен на месечината, кога је полна месечината и ден денеска.

ЗАШТО СЕ ЗАТЕМНИЛА МЕСЕЧИНАТА

За месечината сум слушнал, оти грејала многу силно. Некоја жена везла на раци ли, на ѓерѓев ли - дење видело, на вечер месечина, веќе и се додејало од работата. За да замркне, зела една лепешка, та ја залепила месечината да не греје толку јасно, па не грејала веќе.

Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.

Слика: Eric Fan

ОкоБоли главаВицФото