1019 hPa
71 %
9 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 13:59
ЗА ДЕНОТ И НОЌТА
Господ имал две клопчиња, едното бело и другото црно; белото било врзано со црното. Кога ќе го одвиткал белото, ќе било ден, а кога ќе го одвиткал црното, ќе се сторело ноќ. Толку много долго било преденото, што дури да го соберел белио конец за клопче, ќе почнел да го одмотуа црното и ќе било ноќе.
Бидејќи врзнани биле крајоите на клопчињата, коа го виткал белото во зимно време, господ виткал и од црното предено на белото клопче, и од тоа се малел денот, а се големеала ноќта. Така и во лете растел денот, и ноќта се малела.
ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ
Господ земјата ја имал врзана сета со тељои и сите крајои од тељоите му биле во левата рака. При сè што биле тељоите со милиони, милиони и милиони, милиони што број немало, пак госпо го знаел кој тел од кој синор јет и едно ќе видел, оти се разлошиле од некоја страна луѓето, и туку госпо ќе го потргнел тељот од тој синор али од таа земја и веднаш ќе се стресела земјата; ако потргнел силно тељот, силно ќе се стресела и земјата.
Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.
Слика: Moonassi