Касапот што се свапирил

22.01.2015 16:20
Касапот што се свапирил

Еден касап бил во некој град на туѓина, работил 5-6 години и по шесте години си остаил калфата дуќан и си ошол на виљает. Седел што седел дома до некое време, и за пакос умрел. Арно, ама зер го пречекорил некој лош дух и се свапирил чоеко. Голем зулум праел во селото кај што бил. Една вечер налегнал жената си и многу се уплашила, тики беше тргнала по баење и по пеење; најпосле беше се сторил дев (загубил се).

По неколку месеци еден од другарите што дошле двата од туѓина, пак си ошол на туѓина и, кога поминал пред дуќанот од касапот, го видел кај си седел свапиренио на дуќан. Се почудил сам со себе, кога го видел, еднаш веруал да ет тој, другаш си видел да не ет нешто лага, за да се препознаат и најпосле го прашал отстрана калфата, дали вистина ет тој. Калфата му кажал, оти вистина ет тој; думал шестал, како да праит, најпосле се научил оти во сабота не седел на дуќан. Еден петок на вечер, беше го издемнил, кај ќе оит и кога видел беше влегол во едни пусти гробишта и беше се пикнал во една дупка од еден гроб.

Утрото беше кажал на суд и отишле од судта, беше го откопале од гробот и беше го убиле, туку беше се сторило само крв, како пивтија, откоа го отепаа.

Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.

Слика: Frans Snyders

ОкоБоли главаВицФото