1022 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 16:59
На прес конференцијата одржана на 18 декември во Белград, организацијата ЛАБРИС ги претстави резултатите од обуката под наслов „Истополовата ориентација и родовиот идентитет во работата на полициските службеници/чки“. Покрај претставничката на организацијата, зборуваа и господинот Александар Василиеиќ, началник на одделението за организација, превенција и работа на полиијата во заединица - Управа на полицијата, и госпоѓа Ана Зрниќ, претставничка на Управата на криминалистичката полиција и посетител на обуката.
Василиевиќ во име на МВР истакна: „Ова е пионерски потфат кога станува збор за ширење на полициската обука кај вака значајни прашања за односот на полициските службеници кон ЛГБТ заедницата и остварувањето на нивните права, но и полна соработка со заедницата со цел осигурување на безбедноста. Сите се прашуваат зошто баш сега е организирана обуката, но ве потсетувам дека МВР започна соработка со малцински групи уште во 2006 година. ЛАБРИС сега успеа да собере слични НВО-а, да постигне консензус околу овие теми и од таа позиција настапи кон МВР и пристапи кон реализација на овој значаен потфат. Етиката на работа на нашите службеници во заштитата на правата на граѓаните и граѓанките за нас е прашање од исклучително значење, но и суштински придонес за подобра состојба на ЛГБТ лицата и нивно ефикасно остварнување на човековите и малцински права. Министерството на национално и локално ниво веќе определи контакт лица за соработа и пружање помош на ЛГБТ заедницата. На крајот, во име на Управата на полицијата сакам да истакнам огромно задоволство за исклучително одговорниот пристап на ЛАБРИС и се надевам дека ќе ја продолжиме соработката и следната година.“ - рече на крајот Василиевиќ.
Обуката имаше за цел пред сè намалување на насилството и хомофобијата, но и обезбедување услови полициските служби да бидат место на доверба во кое ЛГБТ лицата ќе се чувствуваат заштитени од насилство, злоупотреба и дискриминација. На обуката, која траеше од 20 октомври до 20 ноември, присуствуваа 120 полициски службеници од 27 полициски управи во Србија. Полициските службеници во рамки на програмата на дводневниот тренинг беа запознаени со терминологијата и правата кои ги штитат ЛГБТ лицата, но беа обучени и да ги препознаваат општествените механизми на хомофобијата, вообичаените предрасуди за лицата кои немаат хетеросексуална ориентација. Завршниот дел од програмата за обука претставува и симулација на можни вистински ситуации.
Во име на оние кои ја поминале обуката се обрати Ана Зрниќ, претставничка на Управата на криминалистичката полиција: „Би сакала да нагласам дека темата на семинарот не беше дали хомосексуалноста е нешто добро или лошо - туку дека постои и дека проблемите со кои се соочува овој дел од нашето општество подобро се разбираат и полесно се прифаќаат. За време на овој прв циклус од обиката, ние сме информирани не само за човековите права, туку и низ што поминуваат, со што сè се соочуваат и како се чувствуваат ЛГБТ лицата во секојдневниот живот. Работилницата 'Жива библиотека' во која учествуваа хомосексуални парови или поединци беше посебно значајна за нас, бидејќи луѓето зборуваа за своите искуства, со какви пречки и проблеми се соочуваат, но и дека полицајците прашуваат сè што ги интересира во директната комуникација. Тоа посебно ни помогна да се разбереме од човечка но и од професионална страна“
Обуките се организираа и реализираа во соработка со Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата на полицијата, а со поддршка на Амбасадата на Кралство Холандија.
Извор: e-novine