Неограниченото пиење на многу новогодишни журки и оваа година го снемало во 23 часот

06.01.2015 14:57
Неограниченото пиење на многу новогодишни журки и оваа година го снемало во 23 часот

Скопје, 6 јануари 2015

Неограничената количина Пелинковец и бело вино на новогодишната журка во еден клуб во центарот на градот и оваа година ја снемало нешто по 23 часот, со што е продолжена традицијата долга повеќе од десет години, дознаваат Пара вести.

Според зборовите на менаџерот на клубот, Зоран К., гостите навалиле баш на Пелинковецот и белото вино „како никогаш во животот да не виделе“.

„Веќе околу 21:45 сфатив дека имаме проблем. Испратив еден келнер да купи уште неколку шишиња, ама во маркетите и продавниците не сакале да му продадат, туку го прашале дали наместо Пелинковец сака сок од праска“, открива менаџерот на клубот.

„Им пријдов на неколку луѓе и ги прашав дали некогаш пробале пиво, но тие само одмавнаа со главата и ме погледнаа малку чудно“, вели Зоран и додава дека сепак е задоволен бидејќи овие две пијачки минатата Нова година ги снемало уште во 22:30, поради што е уверен дека за неколку години ќе успеат да проценат колкава количина алкохол треба да купат.

На нашето прашање дали смета дека гостите се измамени бидејќи при уплаќањето е наведено дека за цената имаат неограничено пиење, Зоран вели дека не излажал ништо и дека пиењето било во неограничени количини сè додека не се испило.

Извор: www.njuz.net