За преведувањето поезија

13.02.2015 18:32

Како несмасен бумбар
седна врз цветот
целото тенко стебленце се стресе
и тој се пробива низ слоевите на цветната обвивка
налик на страници од речник
стреми кон средиштето
кајшто се аромата и сладот
иако е настинат
и со затапен вкус
сепак стреми
и удира со главата
во жолтиот прашник.


и тука е крајот
тешко е да се продре
низ цветната чашка
до корењата
та бумбарот излегува
мошне горд
и гласно бруи:
бев внатре

а на оние
што сосем не му веруваат
носот го покажува
жолт од прав

Препев: П. В.

Збгигњев Херберт, полски поет, роден 1924 година во Лавов (денес во Украина), починал 1998 година во Варшава. Во двете негови најмоќни поетски збирки, кои содржат некои од најмоќните песни напишани на полски јазик, се појавува Господинот Когито: „Господинот Когито“ (1974) и „Извештај од опседнатиот град“ (1983). Втората збирка е реакција на прогласувањето воена состојба во Полска. Кога го запрашале дали верува во функцијата на поезијата во современиот свет, Херберт одговорил: „Кога не би верувал, би ја изгубил работата. Би морал да престанам да пишувам.“

оригиналната песна

Херберт на Окно

ОкоБоли главаВицФото