Паганија

16.02.2015 16:30

Осум лути стареци
пасат осум јареци.

Од зад осум дабови
демнат осум волкови
острат бели забови
ќе земаат долгови.

Волковите месо јадат
стареците сабји вадат
јареците ќе ги бранат
мешаница страшна стана.
Јареците волковите ги искркаа
стареците јареците ги спобркаа
јареците со опашки се прекрстија
на стареците мустаќите им ги избрстија.

И така
се повторуваат темите -
вакви се малите војни...

А поголемите?

Славко Јаневски (1920-2000) е македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист, сликар... Автор е на десетина книги за деца, патеписна проза, збирки раскази, романи, поезија и филмски сценарија. Неговиот роман "Селото зад седумте јасени" од 1952 година е првиот роман објавен на македонски јазик.

Јаневски на Окно

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото