1029 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 01:59
Посребрено сум и егзактно. Немам предрасуди.
Што и да видам веднаш го голтам.
Онакво какво што е, незаматено со љубов или недопаѓање.
Не сум сурово, само вистинољубиво -
Око на малиот бог, четириаголно.
Времето го минувам главно медитирајќи за спротивниот ѕид.
Розикав е, со флеки. Толку долго го гледам
Што помислувам дека е дел од моето срце. Но тој трепери.
Постојано нè раздвојуваат лицата и темницата.
Сега сум езеро. Една жена се свива над мене
Барајќи ги моите потврди за она што стварно е.
Потоа им се врти на лажговцине, свеќите и месечината;
ѝ го гледам грбот и верно го отсликувам.
Ме наградува со солзи и со движења на рацете.
Важно сум ѝ. Доаѓа и заминува.
Тоа нејзиното лице секое утре ја заменува темнината.
Во мене млада девојка таа удави, а од мене една старица
од ден на ден се издига кон неа, како страшна риба.
Препев: П. В.
Силвија Плат (Sylvia Plath, 27 октомври 1932 година - 11 февруари 1963 година), американска поетеса и писателка. Нејзино најпознато дело е романот „Стакленото ѕвоно“ (The Bell Jar) што е полу-автобиографска книга за нејзината борба со клиничката депресија. По нејзиното самоубиство во 1963, таа добива статус на икона и се смета за една од најзначајните поетеси на 20 век.