Слика од Иванов во кабинетот на Иванов

18.02.2015 02:25
Слика од Иванов во кабинетот на Иванов

Честитки за авторот на фотографијава. Ја видов пред неколку дена, па ме инспирираше да ви раскажам една прикаска.

Многу одамна, еден колега од постипломските студии во Сараево/Болоња, ме покани да го посетам во Центарот за демократија основан од Ѓорге Иванов.

Кога влегов внатре, останав стаписан.

На ѕидот на просториите во кои работеше Ѓорге Иванов, висеше фотографија од Ѓорге Иванов!

Бев шокиран. Како е можно „демократот“ Иванов да дозволи да виси негова фотографија на истото место каде што пред само една деценија висела фотографија на Јосип Броз - Тито?

Уште се чудам кој ја закачи фотографијата на Иванов во неговите канцеларии. Дали самиот, или неговите колеги политолози, од почит кон професорот? Како и да е, фотографијата испадна како самоостварливо политичко пророштво.

Сега, политологот кој стана политичар и претседател на недемократска Македонија, ги има сите „права“ да си ја обеси својата фотографија во неговиот кабинет! Како и сите други „владетели“ во авторитарни и демократски режими.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Томислав Георгиев

ОкоБоли главаВицФото