Азбуката на режимот

28.03.15 17:33

А - како „Ало Миле“, „Ало началниче“, Б - будалетинки... Е -како ендек, Л - како лудаци...

Вака актерите Ана Костовска, Ирена Ристиќ, Синоличка Трпкова и Петар Арсовски, членови на култната детска програма „Бушава азбука“ денеска пред македонската радиотелевизија ја изрецитираа азбуката во поинакво издание, нарекувајќи ја „Азбука на режимот“.

После секоја буква од азбуката актерите ги спомнуваа криминалите на власта и злоупотребите кои проструија во прислушуваните телефонски разговори кои ги обелодени опозицијата.

Присутните граѓани со скандирање и извици го проследија речиси секое споменување на дел од разговорите.

Пред почетокот на изведбата, актерката Ана Костовска потсети на оргиналната шпица за „Бушавата азбука“, која е продуцирана со помош на МРТВ во 1985та година.

Настапот на актерите е во рамките на граѓанскиот протест кој се одржа денеска напладне пред зградата на јавниот сервис, инициран од генерал Стојанче Ангелов, за како што Ангелов вели ослободување на телевизијата од „канџите на власта“, за конечно да може да известува објективно и во интерес на граѓаните.

Извор: НоваТВ

ОкоБоли главаВицФото