Брехт Ванденбрук

01.04.15 13:10

Брехт Ванденбрук е белгиски уметник кој живее и работи во Гент. На неговите слики забележливa е претставата на метежот на современиот свет, кој можеби сите го чувствуваме, но ретко кој може да го „зароби“ среде општиот хаос и брзање.

Сликите на Ванденбрук се богати со референци од поп културата, а сето тоа шаренило на нив на прв поглед можеби оддава впечаток дека станува збор за „весела“ уметност. Сепак, повнимателното набљудување на неговите дела укажува на повеќе мрачни предупредувања и „дијагнози“ за современото општество и живот.

Извор: www.itsnicethat.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото