Јанкуловска: Во времето на СДСМ вработените мораа да одат на работа

15.04.2015 12:24
Јанкуловска: Во времето на СДСМ вработените мораа да одат на работа

Скопје, 15 април 2015

По повод вчерашната објавена бомба од страна на СДСМ, во која се слушнаа разговори за договарање партиски чистки и вработувања, меѓу кои и такви за луѓе што не мораат да се појавуваат на работа а земаат плата, се огласи министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

„Да потсетиме, во времето кога СДСМ беше на власт, вработените мораа да се појавуваат на своето работно место, да го работат она за што се платени и да се мачат за да дојдат до својот месечен приход“, рече Јанкуловска.

Таа изјави дека една партија која вистински си ги сака своите граѓани никогаш не би ги мачела принудувајќи ги да се појавуваат на работното место.

„Уште еднаш се покажа вистинското лице на опозицијата. Само нека продолжат да ги објавуваат своите бомби, а ние ќе продолжиме да објавуваме позитивни бомби за вработување на наши кадри што нема да одат на работа“, поентираше министерката за внатрешни работи.

Слика: Свирачиња