„Бомбите“ се надвор од законот

09.10.2015 00:44
„Бомбите“ се надвор од законот

Тоа што никогаш нема да стане државен празник, што нема да се одбележува со „полагање венци и свежо цвеќе“, не значи дека денот кога пукна првата „бомба“ е помалку значаен од оној кога пред 74 години пукна првата пушка. Во борбата за слобода. Нема закон, сила, закана, нема ништо што може да го спречи, уште помалку да го поништи, разорното дејство на објавените прислушувани разговори. Тој процес е апсолутно иреверзибилен, сè е отидено неповратно длабоко и ништо повеќе не може да се врати во првобитната состојба, да биде како што било.

Несомнено дека епицентар на овој досега најсилен потрес регистриран во македонското општество беше - и сè уште е - политиката. Но, последиците од ударот се почувствуваа со ист, драматичен интензитет во многу поширок радиус. Најголемите урнатини се интимни, направени во свеста и сфаќањата на секој што ги слушнал. Од тие внатрешни подрачја потекнува и моќта и незаборавноста на „бомбите“. Сите што ги слушнаа, останаа трајно обележани. Згадени, исплашени, изненадени, бесни, разочарани од злобата, зависта, алчноста, од нечовечноста, од тоа колку ниско - далеку над претпоставките - паднале највисоки функционери во актуелната власт. Како луѓе, пред сè. Нема закон што ќе ги избрише овие лузни.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња