Кому му пречат стварните жени?

21.05.2015 14:21
Кому му пречат стварните жени?

Кога во март годинава уметницата Рупи Каур на Инстаграм го сподели сопствениот автопортрет на кој авторката лежи во кревет, свртена со грб кон гледачот, фотографијата двапати беше отстранета од оваа социјална мрежа поради две дамки, на креветот и на панталоните на авторката. Дамките се од менструална крв и упатуваат на тоа дека авторката за време на фотографирањето имала менструација. Инстаграм заклучи дека приказот на жени со трага од менструација ги крши нивните одредби за тоа што смее а што не смее да се појави и ја отстрани фотографијата. Инцидентот отвори расправа за тоа како женските тела во медиумите се сексуализирани, стивнати, депилирани. Каур не е единствената чија слика е отстранета од социјалните мрежи.

Тука е и девојката во долна облека, со какви што се преполни социјалните мрежи, која е отстранета зашто има некој килограм повеќе, како и австралиското списание чии женски модели не се беспрекорно депилирани. Медиумите, во кои владее патријархат, наметнаа стандарди за женското тело, стандарди кои се оддалечија од стварното женско тело. Поддршка за Каур и сите останати стварни жени чиишто тела медиумите ги цензурираат, дадоа многу уметници. Хафингтон пост донесува листа од 15 уметници, а ние пренесуваме неколку нивни коментари и фотографии.

Мерлин Минтер

Мерлин Минтер: „Сметам дека делата на Рупи Каур и Петра Колинс, и други чиишто дела се занимават со женствената гротеска, се силна реакција на културниот идеал кој ѝ се наметнува на жената, посебно на младата жена. Користејќи фотошоп и уредувајќи го човечкото тело, културните индустрии создадоа недостижни роботски идеали. Она што Рупи Каур и другите го прават е вистинска побуна против тавите идеали и време беше некој да проговори за тоа. Нивната работа е силна опозиција на сликите од жени со кои секојдневно нè бомбардираат.“

Рианон Шнајдерман

Рианон Шнајдерман: „Секогаш сакав фоторграфии на кои тема е менструалниот циклус. Уживам во тоа обострано разбирање на жената, разбирање во смисла 'срање, моето тело го прави тоа, ние сме супериорни!' Да се има врска со земјата, со природниот ритам, тоа е ебено голема работа. Жените како Рупи Каур го препознаваат тој циклус, неговата важност и сопствената моќ која ја имаат преку тоа искуство.“

Ребека Морган

Ребека Морган: „Мислам дека ширината на овој проблем произлегува од старите табуа за женската менструација како нешто валкано што би требало да се сокрие или од што би требало да се срамиме. Тоа е општествен проблем.“

Одри Волен: „Сметам дека има нешто многу силно во тоа да те означат како монструозна. Можеби алтернативна феминистичка стратегија би била да се преобрази цензурата на Инстаграм во позитивно нешто. Цензурата ја открива точката во која ги преминуваме границите на статус кво. Инстаграм (и другите социјални мрежи) во својата природа се нормализирачки, надзорни сили и нашето исклучување од нив говори дека женското тело сè уште има сила да застраши, да вознемири. Самото наше постоење, во својата необработена форма, е заканувачко за отелотворенот облик. Сметам дека тоа е нешто што треба да се слави, а не да биде опресирано.“

Одри Волен

Кејси Џенкинс: „Теоретски, сосема ја поддржувам можноста на луѓето да гледаат или да не гледаат што и да изберат. Има цел спектар работи кои би можеле да бидат трауматични за луѓето. Да ги предупредите за содржината на она што ќе го видат е претпазливо и хумано. Има денови кога и самата би сакала да сум предупредена пред да ми се укажат лицата на политичарите од мојата држава или бескрајните репортажи од спортот во кој доминираат мажите. И едните и другите ги сметам за депресивни и навредливи. Но стварноста е тешка и никој не ја цензурира доминантната култура, никој не ги цензурира најсилните и преовладувачки мислења. Нивната цензура се наметнува и малцинствата и другите помалку силни мораат да се носат со тоа, додека нивниот сопствен израз се замолчува.“

Кејси Џенкинс

Катја Гроховски

Чики ЛаШае

Жу Тиан

Мелани Бонаџо

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото