Совети за жени од 1895 година

05.05.2014 08:00
Совети за жени од 1895 година

„Ladies Home Journal“ е американско списание за жени од XIX век кое содржело многу информации за уредувањето на градината и одгледувањето цвеќиња, за музика, за тоа како децата треба да ги почитуваат постарите, а во него се наоѓале и голем број рецепти и совети.

Така, во еден број од 1895 година, списанието објавило неколку „корисни“ совети за жените во брак, под насловот „Правила за среќна жена“.

1. Ниеден маж не сака жената да му биде сенка, но понекогаш сака таа да се согласи со него, да биде слатка и да сочувствува со него, неговото расудување да управува со нејзиното и таа да го прифати неговото мислење за луѓето и работите. Така се поголеми шансите и тој да се согласи со неа во друга ситуација.

2. Жената секогаш би требало да зборува добро за другите луѓе, ако не за друго, за доброто на својот маж. Тој сака да слуша за благородни, храбри луѓе, за оние кои живеат чесно, кои се среќни и се сакаат. Тоа ја враќа неговата верба во човечката природа која толку често ги покажува своите грди страни.

3. Мажот очекува неговата сопруга да биде подобра од него. Без оглед на тоа колку е тој религиозен, смета дека идеалната жена секогаш е чиста во душата како голем христијанин; добриот маж за дел од религијата ја смета и вербата во тоа дека неговата жена е духовно повоздигната и поблагородна од него.

4. Ако секој ден облекувате ист фустан, имате иста фризура со години, можеби тој нема да престане да се однесува исто кон вас, но наскоро ќе престане да ве гледа на истиот начин.

Извор: jezebel.com

ОкоБоли главаВицФото