Завршено

23.05.2015 11:55
Завршено

‒ Слободни сте?
‒ Да повелете.
‒ До Воена.

Го стартувам возилото и погледнувам во патничката. Млада девојка, меѓу 25 и 30 години. Плаче.

Возам по Илинденска и некој ѝ се јавува на телефон.

‒ Завршивме ‒ одвај прозборува, но тој е изгледа упорен и таа веќе гласно плаче.

Возам. Возам. Нејзиниот мобилен одново ѕвони.

‒ На Илинденска сум, кај Штала. Не доаѓај.

Не поминуваат ни десетина секунди и ми вели да застанам. Застанувам. Набргу до мене застанува Форд Фокус и младо момче истрчува и доаѓа до нас. Таа излегува и стои и плаче.

Момчето ја прегрнува и ја бакнува.

Го исклучувам таксиметарот.

Стојат прегрнати до мене и се гушкаат и плачат.

‒ Колку треба, мајсторе?‒ ме прашува момчето по неколку минути.
‒ Толку колку што искуцал таксиметарот ‒ му одговарам.

Ми ги дава парите и погледнува кон неа. Погледот му е повеќе од љубов.

‒Фала, мајсторе ‒ ми вели.

Фотографија: NYC Taxi Drivers 2015 Calendar

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото