Гледиштето на фармерот

17.06.2015 12:39

Имам неколку хектари земја со парчиња шума расфрлана
На растресена почва; доволно колку да легнеш и да се скриеш. Така

Барем три пати годишно, а обично во август,
На едното или другото парче доаѓаат парови. Прво

Талкаат наоколу, очевидно во нужда со некоја причина
Да упаднат; а зборуваат како да не се во прашање тие

И секогаш за нешто друго, не за нивната намера;
На крај, вака или онака, пронаоѓаат начин

Сексуалниот однос да го спроведат ‒ на мојата земја.
Се обидував да бидам внимателен. Не спомнувам „љубов“

Ниту што било за нагонот и свршувањето;
И не сакам да ги нарекувам „љубовници“ оти не можам

Да кажам дали се тука од наклонетост, или страст, или уцена,
И дали она што го прават има каква било врска

Со што било од тоа (а кој може да каже „љубов“ што значи?);
Затоа што да речам? Би сакал да видам луѓе кои знаат

Во каков неизменлив чин се впуштаат
Кога полни со планови излегуваат од воз или од автомобил.

Јас просто не ги пренесувам нивните трагични или комични чувства,
Ниту исто така поделикатните опасности од поседувањето земја ‒

Само сум чесно заинтересиран. Сакам учтиво да кажам
Дека сум загрижен кога помислувам на нивната ситуација:

Сакам самите тоа да си го објаснат пред мојата земја да ја употребат.

Препев: П. В.

Ален Браунџон (Alan Brownjohn, 1931), англиски поет. Објавил дваесетина стихозбирки. Бил пратеник на Лабуристичката партија. Го сметаат за најголем англиски „социјален поет“ (што и да значи тоа). Неговата поезија е оригинална и експериментална во најдобрата смисла на зборот: ги истражува новите поетски идеи и форми, предочувајќи ни го живиот говор на поединците во најразлични животни ситуации.
Во едно интервју од 1983 Браунџон дава интересен одговор на прашањето каков впечаток би сакал да остави кај читателите: „Би сакал луѓето да ги читаат моите песни со чувство, во првиот момент, како да пијат лимонада; но во еден миг сфаќаат дека тука има и нешто потешко; лимонот отстапува пред ударот на вотката.“

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото