Скејт-готика

18.06.15 15:28

Уметникот и дизајнер Брендон Викерд во неговиот последен проект спојува две сосема оддалечени сфери: скејтерството и готскиот сензибилитет. Неговата скејт-рампа е изработена во готски стил и со ограда од ковано железо.

Иако готскиот сензибилитет вообичаено гравитира околу музиката и алтернативната мода, за Брендон Викерд претставува вистински предизвик спојувањето на култура која обично не се поврзува со спортски активности и една дисциплина т.е. хоби како скејтерството.

Концептот на готска скејт рампа за некои е навистина интригантен, храбар и возбудлив, додека на ортодоксните скејтери им пречат кованите железни орнаменти, кои наликуваат на ограда од стар мост или „фенси“ клупа од парк, и ги сметаат за „бласфемија“.

Извор: www.brandonvickerd.com

ОкоБоли главаВицФото