Субјективен атлас на Пакистан

19.01.22 14:13

Повеќето атласи покажуваат само патишта. Како би изгледал атлас што навистина го отсликува местото што го претставува?

Проектот „Субјективни атласи“ на холандскиот дизајнер Анелис де Вет не претставува слика одгоре-надолу, како повеќето атласи, туку оддолу-нагоре: мозаик направен од луѓе што навистина живеат таму, и секој од нив нуди индивидуална, оригинална, и искрена претстава на тоа како е да се живее на тоа место. Притоа се добива малку испомешан но доследен приказ, поопиплив од која било уредна збирка мапирани линии.


Во Субјективниот атлас на Пакистан, 80 уметници, дизајнери и други креативци одговараат на прашањето: „За што и за кого зборуваме кога зборуваме за Пакистан и Пакистанците?“ Нивните одговори се состојат од мапи, инвентари, фотографии и цртежи преку кои го истражуваат повеќедимензионалниот микрокосмос на нивните реални и имагинарни животи. Ваквите истражувања водат низ лавиринтот од слики на градот, по скриените патишта под слоевите наметнати наративи.

Слично: Земји со најчести здогледувања на НЛО

















































Извор: Big Think

ОкоБоли главаВицФото