Ова зло МОРА да си оди!

07.08.2015 11:52
Ова зло МОРА да си оди!

Минатиот петок дознавме дека покрај 5 милиони за (веројатно најгрдиот на свет) споменик на Мајка Тереза кој воопшто не требаше да се гради од буџетски пари, ќе се потрошат дополнителни 8 милиони евра и за фонтана што ќе го придружува.

Понеделникот нè дочека со темелите на панорамското тркало од 18,3 милиони евра

Овој петок нè известуваат дека ќе реновираат (!) сала за 611.000 евра. Очигледно веќе немаат што да градат и така да перат пари, па почнаа да „реновиораат“. И тоа, изведбата ќе ја врши фирма која била единствена што се јавила на тендерот. Значи, не зборуваме веќе за лоша естетика, погрешно инвестирани пари... Зборуваме за најбезобразен криминал.

Уште побезобразен кога ќе се има предвид дека Тамара не отиде на операција и почина поради 30.000 евра, Пеце не преживеа за да добие шанса и да се бори поради 54.000 евра, a во Тетово поради дожд починаа 5 луѓе.

Не знам за вас, мене ми е доста. Прво, доста ми е да ме крадат, а второ и поважно, доста ми е да гледам дека луѓе умираат поради тоа. И не ми е гајле кој ќе ги смени, дали се сите исти... Ова зло МОРА да си оди.

И ова е ситуација за жив ѕид, не за полемики.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Ковачевски

ОкоБоли главаВицФото