За архитектурата, љубовта и несоницата

19.08.2015 01:50
За архитектурата, љубовта и несоницата

Кога требаше да спијам во градинката „Пролет“, особено во годишното време според кое таа е именувана, редовно без сон ме оставаа работите на градилиштето речиси залепено до неа. Бучењето на кранот и разните машини, тропањето на чеканите, довикувањата на градежните работници... Таа мајсторско-машинска симфонија што влегуваше низ подотворениот прозорец беше смртен непријател на мојата задолжителна детска дремка. Тогаш не помислував дека несоницата можеби е вградена во објектот што се гради.

Петнаесетина години подоцна, кога блокот одамна беше довршен, во една од зградите се досели девојка која стана причина за многу мои несоници.

Во Скопје, архитектурата, љубовта и несоницата понекогаш се нераскинливо поврзани. Но, како да ги препознаеме нивните тули кога гледаме во зградите?

(Од циклусот „Изгубените чевли на Скопје“)

Слика: Ване Костуранов

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото