Wabi Sabi: Книга за деца - наоѓање убавина во несoвршенството и непостојаноста

02.12.2015 14:52
Wabi Sabi: Книга за деца за наоѓање убавина во несворшенството и непостојаноста

Што една изгубена мачка треба да направи во врска со еволуцијата на чајната церемонија како егзистенцијална филозофија?

 

Wabi Sabi е прекрасен јапонски концепт кој нема директен превод на англиски јазик. Со естетиката и со самиот поглед на свет кој го нуди, претставува начин на живот преку кој може да се најде убавина во несовршенството, непостојаноста* и прифаќањето на природниот циклус на растењето и падовите во животот. Wabi Sabi е исто така и насловот на фантастичната сликовница од Марк Рибстајн од 2008 година, со оригинални уметнички дела изработени од страна на реномираниот кинески илустратор на книги за деца, Ед Јанг. Сликовницата претставува истражување на овој прекрасен сензибилитет преку приказната на една мачка која се губи во нејзиниот роден град Кјото, за одново да се пронајде себеси низ самиот процес. (Да не заборавиме дека можеме да се пронајдеме себеси само откако ќе се изгубиме.)

Книгата се чита во еден здив, дополнета со јапонски хаику стихови на почетокот и на крајот и украсена со прекрасните цртежи на Јанг кои совршено се вклопуваат со текстот.


Рибстајн ја претставува и историската позадина:


Потеклото на Wabi Sabi го наоѓаме во древните кинески начини на разбирање и живеење, познати како таоизам и зен будизам, а Wabi Sabi почнува да ја обликува јапонската култура кога зен свештеникот Мурата Шуко Нара (1423-1502) го променил начинот на практикување на чајната церемонија. Тој ги отфрлил скапоценото злато, жадот, и порцеланот кој се користи за традиционалниот кинески ритуал на послужување чај, како и едноставните, груби, дрвени и глинени инструменти.

Стотина години подоцна, познатиот мајстој за чај, Сен Но Рикју од Кјото (1522-1591) го носи Wabi Sabi во домовите на моќните. Тој конструирал куќа за чај со толку малечка врата што дури и царот морал да се поклони за да влезе, потсетувајќи ги сите за важноста на понизноста пред традиција, мистеријата, и духот.

Вистинската Wabi Sabi приказна се крие некаде зад книгата: Кога Јанг ја добил задачата да биде илустратор на сликовницата, тој создал серија прекрасни едноставни слики. Кога отишол да му ги претстави на неговиот уредник, за момент ги оставил на тремот пред куќата. Но, кога се вратил да ги земе, сликите мистериозно исчезнале. Наместо да се измачува околу губењето, Јанг решил одново да ги нацрта и да ги направи подобри – наоѓајќи мудрост во загубата, како можност која ни се нуди и која често помага да бидеме подобри и поквалитетни во oна што го работиме.

Иако технички е книга за деца, Wabi Sabi е еден вид суптилна егзистенцијална медитација во која возрасните, со својата немилосрдна аспирација за повеќе и хроничната анксиозност во однос на несовршенството, можат да најдат утеха. Сето тоа дополнето со филозофијата на древната јапонска естетика.

*Непостојаноста е една од основните доктрини или трите аспекти на постоењето во будизмот. Терминот ја изразува будистичката идеја дека целата условена егзистенција, без исклучок, е минлива, или во постојана состојба на флуидност. Се алудира на променливата природа на животот, на тоа дека времето минува без оглед на тоа што се случува, како важен аспект на непостојаноста. Зборот anicca потекнува од јазикот пали, и буквално значи „нестабилно“, а произлегува од синтезата на два одделни збора, Nicca и честичката 'а', каде што зборот Nicca се однесува на концептот на континуитет и постојаност, а Anicca има сосема спротивно значење или отсуство на постојаност и континуитет.

Извор:www.brainpickings.org
 

Слични содржини

Квир / Книжевност / Уметност
Квир / Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност
Квир / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото