Грујо е против говор на омраза?!

12.12.2015 21:31
Грујо е против говор на омраза?!

„Свесни сме дека мора да се престане со говорот на омраза и сите кои ни мислат добро како на партија а се наши поддржувачи да се држат до ова. Говорот на омраза, гневот и заканите да се тргнат настрана, да не постојат. Тие се злото кое нè труе сите. Тоа мора да престане. И тука сите ние имаме своја одговорност.“ - Грујо за Прес 24.

 

Ова го кажува човекот кој во истото интервју го нарече Андреј Жерновски невидена мрза која купува чевли без врвки, го нарече Заев непријател на државата, го нарече Ван Хојте дебело платен невоспитан странец, го нарече Оливер Спасовски некадарен човек кој мислел само на скапи коли и на опремување на својот кабинет, раскажа како наводно некој од замениците влетал во нечиј кабинет и се заканувал за живот или смрт?!

Ова го вели човекот кој има министер кој физички нападна новинар и тој министер и понатаму е министер?! Ова го вели човекот кој не си поднесува оставка иако слушнавме дека договарал физички напад врз опозициски градоначалник?!

Ова го вели човекот кој секој ден дава налог за медиумско сакатење на политичките противници, дури и во овој момент има пуштено на социјалните мрежи 4 видеа во кои се вадат од контекст изјави на опозициски политичари и новинари и за нив се лаже со измислени суми и се портретираат како забегани лудаци и преваранти, ова го вели човекот кој редовно оди на интервјуа кај Јанко и Миленко кои за Албанците, муслиманите и ЛГБТ заедницата користат најгнасни зборови и повикуваат на линч!

Ова го вели човекот кој даде десетина милиони евра на Сител чиј уредник Латас во секои вести и во секоја своја колумна и настап користи најбрутални напади кон опозициските челници и новинари нарекувајќи ги курви, педофили, лопови, лудаци итн. итн...

Ова е човекот под чија власт беа нападнати неколку новинари и опозициски поддржувачи, беа запалени автомобили, беа истепани и скршени седишта на ЛГБТ заедницата и ниту еден од случаите не беше разрешен?!

Ова го вели човекот чиј шеф на кабинет има изјавено дека десет луѓе во земјава треба да бидат убиени и му се закануваше на еден функционер дека неговата фамилија ќе биде најдена во ендек?!

Имаш ли ти Грујо две чисти во таа коцкаста глава? Имаш ли ти грам срам за ова што го правиш и зборуваш? За што нè сметаш ти нас, за издрогирани мајмуни?!

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња