Злотворот се заеба со изборите!

19.01.2016 11:03
Злотворот се заеба со изборите!

Оставка поднесува и оди на избори човекот кој е недвосмислено разоткриен и разобличен како тежок криминалец и шеф на Злосторничкото здружување за декапацитирање и десубјективизирање на општеството и на државата. Пологично би било да се прогласи за самдржец, Менгисту Хаиле Маријам или можеби Зија Ул Хак са Балкана, но нему му е потребен изборниот спектакл како форма која ќе го остави во контакт со европските вредности од претханската ера, второ, со смислата за фарсичното, позерското и фолклорното кај поголемиот дел од народот и трето како медиум низ кој ќе ги провери кондициите и функционалноста на ресурсите со кои располага, односно дали тие се во состојба да му ги донесат сите 120 мандати или, можеби и малку повеќе.

Со други зборови, тој приредува или му се чини дека приредува забава со тоа што наместо Коцевите сендвичи на скопските мостови тој ќе им даде на луѓето гласачки кутии по школите и сосема сигурно некој хонорар во форма на таканареченото работно место, брашно, зејтин или кешовина таму кај што треба!

Е, па, избери си се бе, избери си се, ние ќе седиме во „Корзо“ ќе пиеме „Џејмисони“ и ќе го чекаме Влатко Ќорчев: „Дами и господа, Илинден, во нашата сакана општина Илинден- 123 отсто од гласовите гоус туууууу вмроуууууу!“

Јоханес Хан ќе се качи на бината за прослава и ќе ја испее Лили Марлен или некој друга пригодна песничка!

Опозицијата би требало да престане да инсистира на прочистување на списокот, тоа е како да инсистираш да се исчистат дупките во смртоносните тушеви во концентрационите логори и да ја објави битката за ослободување и реконституирање, преодржавотворување на територијата под контрола на ВМРО. ДУИ е во добра позиција затоа што ем си ги полнат џебовите, ем го оставаат ВМРО да ја доразори Македонија што ќе го разори и животот на многу Албанци, но ќе ја зголеми релативната важност на албанскиот фактор при геостратегиските разместувања кон кои на ваков начин сигурно одиме. Додека Македонците ќе бидат регистрирани во застрашувачкиот список на исчезнати видови!

Но, секогаш има едно големо но! Можеби е ова клучна грешка на злотворот затоа што ја брише илузијата дека е можна институционална разврска против злото низ институциите кои функционираат како негов сервис и ништо повеќе! Алтернативите на нормалноста и модерноста се стеснуваат, но затоа ќе станат појасни и посилни!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Странски служби