Груевски се плаши дека поради свечените отворања нема да може да се занимава со предизборната кампања

26.01.2016 16:31
Груевски се плаши дека поради свечените отворања нема да може да се занимава со предизборната кампања

Скопје, 26 јануари 2015

Доскорешниот премиер Никола Груевски, кој деновиве се појави на свеченото отворање на три погончиња, пет чешми и два лифта, се надева дека граѓаните ќе имаат разбирање за неговото отсуство од кампањата која тој веќе ја започна.

„Ме бараат луѓе од сите страни, сакаат да присуствувам на свечено отворање на мостови, лифтови, нови погони, нема инвеститор што сака да отвори фабрика без мене, а никој не обрнува внимание на тоа што имам обврски со предизборната кампања, и покрај тоа што не се знае кога ќе има избори“, рече Груевски за Пара вести.

„Како пастир на народот наш, должен сум да одговорам на повикот и да им покажам на граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ ја дели нивната судбина и во Македонија никогаш не било подобро. Сите овие обврски ќе ми одземат прилично многу време, кое сакав да го поминам во кампањата што може да влијае на нашиот изборен резултат. Мене власта не ме интересира толку и спремен сум да ја поднесам таа жртва за доброто на Македонија“, порача Груевски во изјавата за Пара вести и додаде дека ќе води позитивна кампања во која ќе ги истакне резултатите од својата работа, а чат-пат ќе зборува и за по некое предавство на опозицијата.

Покрај овие обврски, од планираното време за кампањата на премиерот дополнително ќе му одземе и закажаното појавување на сите телевизии, бидејќи сите новинари инсистираат баш тој да им гостува во емисија.

Извор: www.njuz.net