Лешинари на престолот

17.02.2016 01:25
Лешинари на престолот

Двоглав црн орел преку ноќ или в зора (орлите рано летаат, нели) слета на постамент подигнат преку ден на кружниот тек во скопската населба Топанско Поле. Скопската градска власт веднаш побарала Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам „да постапи по предметот“, односно да го отстрани. И постапи. „Бидејќи не станува збор за спомен-обележје за кое одлучило Собранието, ниту пак за објект од прва категорија, ние немаме директна надлежност, туку за ова е надлежна Општина Чаир. Ние им дадовме рок од три дена да ни одговорат дали за овој таканаречен споменик имаат одлука на Советот, дали е внесен во ДУП и за други правни одлуки“, објасни директорката на Инспекторатот.

Не само нејзе, сега и на целата јавност ѝ е потполно јасно дека проблемот е во тоа што станува збор токму за спомен-обележје на мрачниот начин на кој двоглавата коалиција Груевски-Ахмети, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ја практикува власта, како ги деградира и ги злоупотребува сите институции - вклучувајќи ги и општината и Инспекторатот - сведувајќи ја нивната надлежност на слепа послушност и беспоговорна извршителност. По истата процедура овие лешинари - едноглави или двоглави, сеедно - поставени на престолот подигнаа десетици таканаречени споменици. Секако дека нивното отстранување - и од постаментот и од престолот - не е во нивна надлежност.

Извор: Слободен печат

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото