Завршни операции за ослободување на земјата!

22.02.2016 01:25
Завршни операции за ослободување на земјата!

Идејата на ВМРО е да го исполни комплетниот политички простор и да биде единствената артикулација на Македонија, но кога ќе удри во ѕидот на историската стварност, организацијата се грчи како топка, се одбива кон маргините и се изолира или ја изолираат. Тоа не е организација за нормален демократски натпревар. Никогаш нема да биде таква како што хиената никогаш нема да ве разбере ако ја замолите да го јаде гнуто со прибор за јадење.

Ова што се случи денеска е фазата на тоа собирање, веројатно и првата фаза на одбивањето од стварноста и почеток на патот кон маргините и оттаму кон конечното исчезнување од животот на Македонија. При тоа повлекување злoсторничката инсталација може да направи незамисливи злосторства, злосторства во очајување, различни од злосторствата што беа произведени во еуфоријата на експанзијата, но сепак злосторства.

Ништо друго освен злосторствата не ги осветлува светите букви.

Мислам дека Македонија ќе разбере дека жртвите што ќе треба да ги даде во оваа фаза ќе бидат жртви на ослободувањето и тие по тоа ќе се разликуваат од досегашните затоа што досегашните беа жртви на поробувањето.

Со радост, драги пријатели, треба да влеземе во завршните операции за ослободување на земјата!

Со мисла за слободата, за работи кои се над самиот живот, за работи без кои самиот живот нема смисла, за нешта што се над целта да преживееме, не плашете се, лесно ќе ја препознаете исполнетоста од шансата да учествувате во оваа историска битка, бидете жестоки, не се срамeте да ги мразите, тука нема место и за нас и за нив, тоа е карактерот на пресметката!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња