1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Скопје, 11 март 2015
Локалниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, 42-годишниот Р.П. од Велес, вчера е пронајден мртов во својот дом, неполни 24 часа откако го започнал експериментот на живеење со просечна македонска плата, дознаваат Пара вести од извори од МВР.
Овој политичар е дури трета жртва на обидите да преживее еден месец без своите стандардни примања, туку само со екстремните услови на просечната плата во Македонија.
Експертите велат дека организмот на политичарите е премногу слаб за да може да издржи една недела во вакви услови, а камо ли еден месец.
„Овој последен случај е најекстремен, зашто кутриот човек умрел од просечна плата веќе по 24 часа, за разлика од претходните двајца кои издржаа речиси 4 дена. Во секој случај, се надевам дека овој тренд меѓу политичарите наскоро ќе заврши и дека ќе се обидат да ја добијат довербата од граѓаните на некој друг начин“, вели Перо Божиноски, психолог и експерт за животниот циклус на политичарите.
Според сознанија на Пара вести, починатиот во текот на првите 24 часа откако му легнала платата ја потрошил целата сума на два телефонски разговори со странство од по 20 минути, златно ланче за жена му, платинеста алка за љубовницата, нови чевли, а заборавил да купи храна.
Извор: www.njuz.net