Азул Обскура

07.04.16 14:54

Фотографот Азул Обскура доловува глетки на авиони кои често остануваат незабележани од обичните патници. Стоејќи на пистата, фотографот од Осака ги документира авионите додека безбедно слетуваат на пистата. Иако ова е вообичаена рутина, визуелниот стил на Обскура и неговиот избор фотографиите да ги прави во текот на ноќта, му дава смирувачко чувство на целиот процес.

Гледната точка на Обскура им дава монументален изглед на комерцијалните авиони. Нивната метални тела се дополнети со колоритните, светкликави светла од пистата и околниот пејзаж. Тие ги обликуваат елегантните летала со стилски мотиви налик на ѕвезди и блескави кружни бранови кои изгледаат нестварно, како да не се од овој свет. Тие глетки сигурно се погламурозни од чекањето во редици и преглед на информациите за безбедност. Наместо тоа, фотографиите Обскура се тука да нè потсетат на величественоста на летот.

Извор: thisisnthappiness.com

ОкоБоли главаВицФото