Чудо во Македонија: Ликот на Груевски не се појави на телевизија!

18.04.2016 10:25
Чудо во Македонија: Ликот на Груевски не се појави на телевизија!

Скопје, 18 април 2016

Возбуда и еуфорија владее кај целата македонска јавност, која е сведок на уште едно големо чудо! Имено, во текот на вчерашниот ден, ликот на Никола Груевски не се појави на ниту една телевизија!

Експертите за медиуми и политичките аналитичари сметаат дека треба да се почека уште малку пред да се прогласи чудото за официјално.

„Ова е голем ден за Македонија. Но, за да прогласиме чудо, треба да се увериме дека Груевски навистина, ниту секунда, не се појавил на некоја од телевизиите“, вели аналитичарот Антон Миракуловски.

Тој смета дека сè уште постои можност Груевски да се појавил на некоја локална телевизија, снимен на пуштањето во употреба на новото казанче во еден тоалет во зградата на владата.

По повод чудото се огласи и Македонската православна црква. Од МПЦ сметаат дека станува збор за чудесни телевизори кои самите се чистат, исто како и одредени фрески, па за нив нема дилема дека станува збор за чудо.

Слика: Свирачиња