1005 hPa
94 %
20 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 02:59
Колку што разбирам, Груевски и компанија за сопственото спасување ја одбрале тактиката на целосно негирање на реалноста и „силување” на „својот” дел од народот – нешто што најдобро го имаат извежбано досега.
Негирање на реалноста дека избори не може да има кога бојкотира и опозиција и нивните доскорешни коалициски партнери, и „силување” на сè врз што може да повлијаат од „народот” да учествува во нивниот изборен театар на апсурдот.
Идејата е да направат будали од што поголем број луѓе и тоа да го прогласат за демократски легитимитет!
Да не си им во кожата, и ним и на нивните поддржувачи и гласноговорници. Тоа може да ја продолжи уште малку агонијата, но исходот е ист и јасен. Едно е сигурно, мора да им се честита на лудилото што го демонстрираат и желбата за опстанок.
Така и треба, никогаш не се предавај, можеби ќе избие нуклеарна војна и сè ќе се смени! Ова ми личи на изгубена партија шах, останал само крал и по некој коњ, противникот има сè, но губитникот не се предава во надеж дека може да извлече барем пат.
Навистина, вредно за почит, мислете што сакате.
Извор: Фејсбук профилот на авторот, 11.05.16.
Слика: Александар Ковачевски