Книжарница која нуди илузионистичко искуство на бескрајни сали со книги

15.07.2016 00:42
Книжарница која нуди илузионистичко искуство на бескрајни сали со книги.

Книжарница со многубројни слоевити полици, полна со нови светови кои чекаат да бидат откриени, е фантастично место во кое можете да се изгубите со часови. Новоотворената книжарница во Хангжу, Кина, располага со лавиринтен ентериер кој се чини дека е дизајниран и наменет токму за таа цел. Дело на компанијата XL-MUSE, книжарницата изгледа како една бесконечна катакомба, делумно благодарение на стратешки поставените огледала кои на внатрешниот простор му даваат илузија на неограничени редови книги.

Уникатната книжарница се наоѓа на главниот плоштад во трговскиот центар на Star Avenue, во Binjiang District во близина на реката Киантанг. Просторот во внатрешноста на книжарницата е поделен на различни секции, секоја поканувајќи ги посетителите да се изгубат меѓу илјадниците страници на дисплејот.

Секциите вклучуваат мирна читална со клупи за релаксација, просторија со бели столбови и рефлектирачки огледала, и чудесна детска област опремена со воз, рингишпил, па дури и панорамско тркало.

Неверојатнатниот и креативен простор е совршена локација од која ќе тргнете во потрага по нова омилена приказна или ќе поминувате часови само во уживање и препуштање на имагинативниот амбиент.

Извор: www.contemporist.com

Слични содржини

Јавни простори / Балкан / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото