„Книжевност vs. сообраќај“ - инсталација од 10.000 книги

28.10.2016 03:38
„Книжевност vs. сообраќај“ - инсталација од 10.000 книги

„Книжевност vs. сообраќај“ е инсталација на шпанскиот колектив „Luzinterruptus“, составена од 10.000 книги. Уметниците од овој колектив, кои не ги откриваат своите имиња, ја поставија инсталацијата во Торонто за време на Белата ноќ. Десетте илјади книги уметниците ги истуриле на една од најпрометните улици во градот, создавајќи на тој начин „река од книги“. На секоја книга, тие поставиле по една мала светилка, што создава моќен визуелен ефект.

„Иако ова е дел од градот карактеристичен по брзината, загадувањето и вревата, барем една ноќ тоа ќе биде место на тишина, спокојство и соживот. Посетителите ќе можат слободно да си ги земаат книгите и на тој начин инсталацијата сама ќе се рециклира. Таа ќе трае онолку долго колку што сакаат нејзините корисници“, објавија членовите на Luzinterruptus на нивната веб страница, непосредно пред откривањето на инсталацијата.

Освен во Торонто, оваа инсталација е поставена и во Мадрид, Њујорк и Мелбурн.

 

 

Literature vs. Traffic. from lmartinez on Vimeo.

Извор: www.luzinterruptus.com

ОкоБоли главаВицФото