СДСМ се поклонува пред спомениците на Никола Груевски

03.08.2016 03:19
СДСМ се поклонува пред спомениците на Никола Груевски

Ми се гади од наивноста на СДСМ. И не само за овој Илинден, туку и неколку наназад, положуваат цвеќиња под спомениците од СК014 како дел од државни делегации на официјални настани. Како да не знаат дека не му се клањаат на Ченто, Карев или АСНОМ-ците, туку на Никола Груевски и неговото силување на Скопје, на неговото лажирање на историјата, кичот и корупцијата! Па уште цвеќето го положуваат заедно со онаа грозна бела гарда со униформи против кои што се бореле луѓето на спомениците!

Па добро бе, мамувиганабијем, толку ли сте глупи? Толку не сфаќате дека му се клањате на паторот кога се клањате на неговите споменици? Па ајде да беше ова 2015-та, па некако да го припишевме ова на некаква наивност. Но, во 2016-та, после шарената револуција и нејзиното боење на СК014, да положуваш цвеќе под неговите споменици, значи дека боењето не било критика на лажното претставување на историјата, уништувањето на градот и културното наследство, туку обичен вандализам на млади дечки што не знаеле што со себе.

Јас мислев се опаметивте, се свестивте, конечно се ослободивте од лажните „државнички“ стеги, ама изгледа немате расчистено што да мислите за уништувањето на Скопје. Кога некој СДС-овец во иднина ќе ми го критикува СК014 и ќе ми зборува за 600-те милиони евра, нема да пропуштам да му кажам дека тие секоја година на државни празници помагаат да се одржи чудовиштето што ни го проголта градот.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Ковачевски