Чудните скулптури на Шон Тан - бајки кои можат да се допрат

31.08.2016 12:21
Чудните скулптури на Шон Тан - бајки кои можат да се допрат

Приказната „The Singing Bones“

Сценаристот и илустратор Шон Тан, за новата книга, The Singing Bones, ја менува својата уметничка вокација и се преобразува во скулптор. Книгата претставува колекција на слики од 75 минијатурни фигурини кои уметникот ги изработил според бесмртната збирка мрачни, вознемирувачки бајки на браќата Грим.

Јованче и Марика“ 

Во The Singing Bones, Шон Тан со малите прогонувачки и чудни скулптури одново ги измислува бајките на браќата Грим. Новиот медиум со кој овде се соочува австралискиот писател и илустратор, скулптурите, имаат мали димензии и за изработка на секоја од нив му биле потребни по три дена.

 Скулптура која упатува на приказната насловена All Kinds of Fur.

Тан бил инспириран од патувањата во Канада и Мексико, и делата имаат една необична примитивна димензија. Економичен со материјалот и зборовите, приказната за Црвенкапа, Тан ја кондензира во разговор меѓу девојчето и волкот.

„Црвенкапа“

Неговата верзија на „Принцот Жаба“ се фокусира на негативните мисли на принцезата за нејзиниот водоземен џентлмен. „Кога работите брзо со глина, тоа станува заразно“ - вели Тан за изборот на својот нов медиум. Тука е загатката. Еден од фановите на неговата работа е неговиот колега, авторот Филип Пулман. 


„Принцот Жаба“

Тан вели дека сака да го открие ДНК-то на приказната, суштината која секогаш ги прогонува луѓето“ – као и ножиците во прказната за џуџињата и чевларот.

„Чевларот и џуџињата“

Дали овој уметник е привлечени од насилство во приказните на браќата Грим? "Ако треба да бидам искрен, да“ – вели Тан. Еве како тој ја објаснува приказната за книгата The Singing Bones.

„Загатката“

„Не можам да се справам со насилството во реалниот свет, но преку уметноста, во која преобразбите се возможни, таа борба може да биде игрива и интересна ... “

Приказната за лисицата и мачката

Овде Рапанзел од приказната „Златокоса“, самата се претвора во кулата во која е заробена

Снежана“ на Шон Тан

„Мрзливиот Ханц“

Извор: www.theguardian.com

ОкоБоли главаВицФото