Декоративни предмети инспирирани од познатите уметнички дела

01.09.2016 13:06
Декоративни предмети инспирирани од познатите уметнички дела

„Старото повторно станува ново“ – уметницата позната едноставно како Јулија пишува за нејзините исклучителни четки за коса и други декоративни предмети и модни додатоци. „Секое парче е уметничко дело во кое секојдневно може да се ужива.“

И навистина, дрвените рачки на предметите се украсени со познати слики кои имаат улога на мали потсетници на убавината на имагинацијата. На нив се прикажани етеричните дела на уметникот Густав Климт, вклучувајќи го и неговото иконично дело „Бакнеж“, како и делата на Винсент ван Гог и Алфонс Муча, основачот на art nouveau стилот популаризиран во почетокот на дваесетиот век.

Комплексните четки на Јулија се изработени во техниката „decoupage“ за да можат колоритните слики да се прикажат на заоблено платно. Малите платна се запечатени со сјаен лак, кој гарантира дека парчињата се заштитени од вода. Јулија понатаму самата ги декорира украсните предмети со сопственни рачно насликани детали и декоративни камења. Сето тоа им дава дополнителна елеганција на прекрасните дела кои таа го избира.

Иако Јулија има доволно голем избор на уметнички дела, дизајнерката е секогаш е отворена за идеите и нарачките на муштериите. Секој може да испрати и предложи некоја своја идеја, или само да го одбере свето омилено уметничко парче од нејзината Etsy продавница, ArtKaleydoskop.

 

Извор: sosuperawesome.com

ОкоБоли главаВицФото