„Југославија на работ“ - предавање на проф. д-р Борут Клабјан во ГЕМ

03.10.2016 19:14
„Југославија на работ“ - предавање на проф. д-р Борут Клабјан во ГЕМ

На 6.10.2016 (четврток) во ГЕМ Клуб, со почеток во 18 ч. ќе се одржи предавање на проф. д-р Борут Клабјан, насловено како „Југославија на работ: претставите за Југославија во спомениците на италијанско-југословенската граница по втората светска војна“.

Истражувањата на Борут Клабјан се во доменот на политичката, дипломатската и културната историја на Европа во 19 и 20 век, со посебен фокус кон северно-јадранската зона.

Во ова предавање тој ќе се осврне на културата на сеќавање за социјалистичка Југославија во пограничната зона на Италија и Словенија, кои се дел од неговото најново интердисциплинарно истражување за историската меморија и новите форми на идентификување во современа Европа.