Крупна трансродова манекенка ја менува американската модна индустрија

30.12.2016 11:59
Крупна трансродова манекенка ја менува американската модна индустрија

Модната индустирија не е позната по тоа што одбира широк спектар на модели и манекен(к)и. Сепак, се чини дека ова полека почна да се менува, а една необична трансродова жена е предводник на овие промени. Шеј Нири е 27-годишна Њујорчанка која штотуку склучи еден интересен моден договор. Таа од неодамна стана заштитно лице на модната куќа „Coverstory“ од која порачуваат дека целта им е да креираат облека за луѓе од сите големини и идентитети.

Нири претходно работела за модната куќа „Transmodel“, но поради својата крупна градба се соочувала со проблеми. „Во таа агенција бев единствениот ’plus-size’ модел и немаше многу кампањи заинтересирани за мене“, изјави Нири за Mic. „Сите сакаа или исклучително слаби или андрогени девојки.“

Шеј Нири на крајот од средното училиште се облекувала само во женска облека. Откако еден пријател ѝ сугерирал дека можеби е трансродово лице, таа ја започнала транзицијата т.е. процесот на промена на полот.

Хајди Кан, која e и основачка на модната куќа „Coverstory“, вели дека било речиси невозможно де се најде модел како Шеј Нири.

„Трансродовите модели успеаја да се пробијат на модните писти минатата година, но тие вообичаено се облечени андрогено, како да се сака да се стави на знаење на сите дека се во прашање трансродови лица“, објаснува Нири.

Извор: www.queer.mk