Скандалозниот случај на Персивал и Жана-Сузана

04.02.2017 13:10

Персивал Вилберфорс Хендерсон Крејн,
Жител на американската држава Мејн,
Беше пристоен, побожен, смерен,
На децата и сопругата предан и верен.
Жана-Сузана Валанс Дибоа,
Во Франција, во градот Троа,
Исто така верно го сакаше својот сопруг
Оти воопшто не беше во нејзиниот видокруг
Персивал Вилберфорс Хендерсон Крејн,
Жител на американската држава Мејн.
Тој за жена си беше врзан како со ортома,
Ја љубеше на секое излегување од дома,
И не гледаше на друга страна
Оти не ја знаеше Жана-Сузана.
За пат во Франција мечтаеше Персивал,
Со жената и децата таму би уживал,
Но бидејќи беа сиромашни
Останаа на искуствата домашни, дотогашни.
За тоа време копнееше и Жана-Сузана
Да не биде толку за по дома врзана,
Да ја види Америка, земјата забрзана.
Ама и таа со сиромав маж, и без среќа троа,
Сакала-нејќела си остана во Троа.
И Персивал продолжи со старите рутини,
Црква, работа, семејство - неговите вистини,
И не гледаше, се разбира, на другата страна
Оти не беше слушнал за Жана-Сузана.
И Жана-Сузана си остана чесна, без мана,
Можеби несветната оти не го беше сретнала
Жителот на Мејн, П. В. Х. Крејн.

Превод: П. В.

Оригиналната песна

Њумен Леви (Newman Levy, 1888–1966), американски поет, драмски писател, есеист, адвокат, јавен обвинител... Во книжната оставнина има три стихозбирки и автобиографија. Бил дел од книжевната елита на Њујорк и соработувал со дузина славни ликови на своето време, режисери, композитори, актери... 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото