1033 hPa
52 %

6 °C
Скопје - Чет, 06.02.2025 20:59
Патниот правец Штип-Радовиш е еден од најопасните во патишта во Македонија, на којшто секоја година се случуваат по неколку собраќајни несреќи со смрттни последици. Причините се лошата состојба на патот и пребрзото возење.
Сакајќи да укажат на лошата состојба на патиштата, но и да го свртат вниманието кон возачката некултура и агресија поради што „косачот на смртта“ демне на македонските патишта, активисти поставија табла со предупредување и фигура на „косачот“ на патот Штип-Радовиш.
Во 2016 година бројот на сообраќајни несреќи се зголемил за 10 % во однос на претходната година. Само за шест месеци живот во сообраќајни несреќи го изгубиле 85 лица.